Хрватот ги воодушеви фановите: Меси? Не, Модриќ е најдобрата 10-ка! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 3-2 против Милан на пријателски меч во САД, а во финишот од мечот блесна хрватскиот фудбалер Лука Модриќ.

Хрватот во завршницата покажа зошто е еден од најдобрите фудбалери на „кралевите“. Тој испрати прекрасна топка до Винисиус Жуниор, кој го постигна последниот гол на мечот.

Мајсторијата на Модриќ стана хит на социјалните мрежи и притоа навивачите напишаа голем број коментари.

„Извинете, но што направи Модриќ?! Лука Модриќ е вечен. Безвременски. Лука Модриќ, ти се поклонувам. Лука Модриќ е магичен. Меси? Не, Модриќ е најдобрата 10-ка во Америка“, се дел од коментарите.