Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Хрватските навивачи пред неколку дена предизвикаа инцидент на натпреварот против Чешка Република, а во таа прилика е повреден и еден редар на стадионот и тоа од дрон.
Редарот Абдел Исауи за среќа не е тешко повреден, а во помош во таа прилика стигна и напаѓачот на Хрватска Марио Манџукиќ.
Абдел во знак на извинување од Хрватскиот фудбалски сојуз ќе добие дрес со неговото презиме и потпис на сите фудбалери од хрватската репрезентација.
„Исклучително ни е жал што дојде до таква ситуација и овој пат се извинуваме на господинот Исауи поради однесувањето на хулиганите коио не се навивачи на хрватската репрезентација.
Овој дрес не претставува такви, тој ја претставува Хрватска, нашата одлична репрезентација и нашиот фудбал па верувам дека господинот Исауи дресот би бил прекрасен спомен од ова ЕВРО, а не на среќниот инцидент“, рече претседателот на ХНС Давор Шукер.