Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нико Хулкенберг ќе го замени Серхио Перез во текот на претстојниот викенд во болидот на Рејсинг поинт на трката во Силверстоун, зашто Мексиканецот и понатаму е позитивен на вирусот.
За германскиот возач тоа ќе биде конечна шанса повторно да вози, зашто минатата недела на истата патека треба тоа да го направи, но неговиот болид не стартуваше поради проблеми со моторот.
Рејсинг поинт соопшти дека Перез и понатаму е позитивен на ковид-19, па так аќе мора да пропушти уште една трка во Ф1 шампионатот.
Перез мина 10 дена во изолација и паузираше во текот на минатонеделната трка, но новите резултати покажаа дека вирусот уште е присутен во неговото тело.
Тимот соопшти дека мексиканскиот возач се чувствува добро, како и дека нема класични симптоми на инфекција на ковид-19, но и понатаму ќе остане во карантин.
Ако се одвива ситуацијата како што треба, тогаш Перез ќе се врати на патеката на 16 август.