И Даблин потврди дека ќе остане домаќин на Евро 2021.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ирската фудбалска асоцијација (ФАИ) официјално и потврди на Европската фудбалска федерација (УЕФА) дека следната година Даблин ќе биде домаќин на четири закажани натпревари за Европското првенство.

ЕУРО 2020. требаше да се одржи ова лето во 12 града во 12 држави, но заради епидемијата на коронавирус сè е одложено до 2021. година.

Поради доцнењето, УЕФА ги замоли сите 12 планирани домаќини да ја потврдат намерата да продолжат со организирање на ЕП. Досега се испратени писма од Лондон, Глазгов, Санкт Петербург, Минхен, Копенхаген, Букурешт, Баку и сега Даблин.

„Локалниот организационен комитет, ФАИ, Градскиот совет во Даблин, директорот на стадионот Авива и ирската влада ја потврдија писмено својата посветеност на натпреварите“, се вели во соопштението на ФАИ. Три натпревари од групата Е, и еден натпревар од осмина финалето, треба да се одиграат на стадионот „Авива“ во Даблин.

Одлуките од Рим, Билбао, Амстердам и Будимпешта сè уште се во очекување. Конечната одлука за градовите домаќини на одложеното Европско првенство ќе биде донесена на состанокот на Извршниот комитет на УЕФА, што ќе се одржи на 17. јуни.