И Стротман ќе биде “засилување“ за Рома


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Кевин Стротман во целост се опорави од повредата и ќе биде во составот на Рома за следната сезона.

Играчот за врска за кого Луј Ван Гал рече дека еден од ретките кој може сам да реши натпревар, Кевин Стротман, имаше огромни проблеми со повредите поради што не играше речиси две години.

Рече дека му се потребни натпревари за да се врати 100 % во оваа игра, но и дека е спремен за најголемите напори.

Истакна и дека докторите одработија одлична работа.

Покрај тоа, Холанѓанецот рече дека Рома мора да се бори за Скудетото во оваа година, иако Јувентус се засилува се повеќе и повеќе.

„Јувентус има одлична екипа. Последните две првенства го добијаа доста лесно, но Рома мора да се вмеша во борба за титула. Мораме да се фокусираме на добивање на мечеви и да не ги гледаме противниците“, рече Стротман за сајтот на Рома.

Новинарите го запрашаа дали ќе ги следи стапките на Миралем Пјаниќ, а тој истакна јасно и гласно:

„Не, јас нема тоа да го направам“, рече Стротман.