Ибра, каде си? Вела го постигна најдобриот гол во кариерата (ВИДЕО)

Мексиканскиот фудбалер Карлос Вела деновиве игра неверојатно. Него сите го познаваат по неговите настапи во Европа, но очигледно врвот на кариерата го достигна по заминување во МЛС-лигата.

Напаѓачот е прв стрелец во натпреварувањето со дури 26 постигнати гола, по 26 одиграни натпревари, а дека ова е негова година покажа и утринава кога постигна неверојатен погодок против Сан Хозе.

Вела во победата на Лос Анџелес постигна два гола, а вториот беше дефинитивно најдобриот во неговата долга кариера.

Мексиканецот издрибла неколку противнички фудбалери, по што ја затресе мрежата на противничкиот голман Вега.