Ибра веќе знае каде ќе игра наредните сезони


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан е дефинитивно магнет за медиумите и фановите. Штотуку пристигна на островот и веднаш започна лудница.

Продажбата на неговите дресови се одвива одлично, а противничките навивачи се плашат од него. Златан веќе го донесе и првиот трофеј на Јунајтед со погодокот против Лестер Сити во Комјунити Шелд.

„Со мене никогаш не се знае. Одлично ми е овде и би можел да останам повеќе од колку што се очекува. Можеби ќе потпишам нов договор“ – вели Златан Ибрахимовиќ кој летово го напушти ПСЖ и дојде во Јунајтед како слободен играч.

Инаку, деби во Премиер лигата, Златан ќе има против Бурнмут во Недела.