Ибрахимовиќ: Да имав 20 години, вечерва ќе постигнав уште два гола


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Синоќа Милан на домашен терен ја победи Болоња со 2:0 во мечот од првото коло на италијанската Серија А.

Росоњерите ја отворија новата сезона на Сан Сиро со три бода, а херој на овој натпревар беше Златан Ибрахимовиќ, кој ги постигна двата гола. Искусниот напаѓач неодамна го продолжи договорот до крајот на оваа сезона и се чини дека тоа беше одличен потег.

Ибрахимовиќ следниот месец ќе го прослави својот 39-ти роденден, тој сепак игра во фантастична форма и ова е првпат да успее да постигне два гола на еден натпревар на отворањето на една сезона во Серија А.

Ибрахимовиќ по натпреварот ги коментираше случувањата на теренот во свој стил, и рече дека е во многу добра форма и работи со полна пареа.

“Ова е само втор официјален натпревар во сезоната и среќен сум со победата. Да имав 20 години ќе постигнев уште два гола вечерва. Не сум стар, јас сум како Бенџамин Батон, роден сум стар и ќе умрам млад. Шала на страна, тимот играше многу добро, но јасно е дека сè уште не сме на 100% и сигурно дека ќе се подобрува како што напредува сезоната “, рече Ибрахимовиќ.