Ибрахимовиќ го преселија во Бока Јуниорс, а тој имаше што да каже на тоа


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ без сомнеж е еден од најдобрите европски фудбалери во последните години.

Шведскиот напаѓач остави трага каде и да играше, а иако денес е во зрели години повторно е мета на големите клубови.

За Ибрахимовиќ се интересира и Бока Јуниорс, а аргентинскиот тим се споменуваше како негова следна дестинација. На тоа имаше што да каже и самиот фудбалер.

„Моментално немам некои идеи, максимално сум фокусиран на Лос Анџелес Галакси. Сега не е вистински момент да се зборува за тоа. Ќе видиме. Ако останам и понатака ќе имате за што да пишувате“ –истакна Ибрахимовиќ.