Ибрахимовиќ го знае рецептот: Еве што е потребно за Јунајтед да ја елиминира големата Барселона…?! (ВИДЕО)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меч е тоа кој ќе привлече доста внимание на сите љубители на фудбалот кои очекуваат да видат фантастична игра на обата тима.

Тоа мислење го дели и Златан Ибрахимовиќ кој верува дека овој меч ќе биде возбудлив за гледање. Швеѓанецот играше за обата тима па даде свое видување на овој меч.

На Ибрахимовиќ му беше поставено прашање за влијанието на Лео Меси и Пол Погба во своите екипи, а на што Швеѓанецот одоговори:

„Лео Меси прави разлика секогаш кога игра, а Погба е тој кој прави разлика во Манчестер Јунајтед“.

Ибрахимовиќ сепак нагласи дека најважно е Манчестер Јунајтед да одигра добро тимски доколку се надева на пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Тој се присети и на времето кога го носеше дресот на Барселона:

„Во тоа време Барселона беше најдобар клуб на светот. Кааде и да отидевме сите не респектираа и уживав играјќи бидејќи имав чувство дека ќе победам дури и кога не игравме најдобро, бидејќи тимот беше исклучително силен“, заклучи Ибра.