Ибрахимовиќ: Навивачите на Јунајтед се најдобрите што сум ги запознал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ верува дека Јунајтед може да ја остави титулата во премиер лигата, но открива дека и навивачите на Јунајтед се неверојатни.

Ибрахимовиќ веќе има постигнато 3 погодоци во премиер лигата, еден против Бурнмут, и 2 против Саутемптон.

Швеѓанинот вели дека ќе даде се од себе за да му помогне на тимот да ја освои титулата.

„Имам визија, и верувам дека титулата е наша“ – изјави Златан Ибрахимовиќ додавајќи:

„Треба напорно да се работи, не сме ние единствените кои се борат за титулата. Сега само сум фокусирам да му помогнам на мојот тим“

„Постигнав три гола и среќен сум за тоа, но ова е само почеток, крајот е далеку. Ќе работиме напорно, ќе даваме се од себе за да бидеме се подобри и подобри“

„Навивачите се најдобри, имам чувство на секој натпревар дека имаме 12ти играч на теренот, а тоа се навивачите. Сум играл во многу земји, но овие навивачи се нешто посебно“ – вели Ибра за навивачите на Јунајтед.