Ибрахимовиќ побара итна средба со Газидис


Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ реши да се врати во Милан оваа зима, откако му истече договорот со ЛА Галакси.

Ибрахимовиќ играше во Милано пред десетина години и одлучи да се врати на Сан Сиро и да потпише договор до крајот на оваа сезона. Во првите неколку настапи тој покажа дека ќе биде големо засилување и покрај тоа што веќе имаше 38 години.

Милан веќе размислува да му понуди договор на Ибрахимовиќ уште една година, но по турбуленциите во клубот, откако од клубот најверојатно ќе си заминат Звонимир Бобан и Пауло Малдини, кои го убедија Златан да се врати во Сан Сиро.

Италијанските медиуми објавија дека Ибрахимовиќ денеска ќе одржи состанок со извршниот директор Иван Газидис за да открие дали клубот ќе смета на него во наредната сезона.

Ибрахимовиќ побара итна средба со Газидис затоа што сака да види дали заминувањата на Бобан и Малдини ја загрозија неговата ситуација во Милано. Одлуката за неговиот престој треба да се знае наскоро.