Ибрахимовиќ со порака до Лукаку: Милано нема крал, туку има Бог!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ вчера го реши миланското дерби со два гола и му донесе победа на Милан против Интер од 2-1.

Ибра денеска на социјалните мрежи објави фотографија и напиша: „Милано никогаш немал крал, но има Бог“.

Со ова Швеѓанецот го „пецна“ Лукаку, кој минатата сезона после победата од 4:2 се прогласи за крал на Милано и напиша: „Има нов крал во градот“.

Златан му возврати во свој стил.