Ибрахимовиќ застана во одбрана на Ѓоковиќ!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ беше депортиран од Австралија откако властите му ја одземаа визата затоа што не е вакциниран против ковид-19, а еден од најдобрите шведси фудбалери Златан Ибрахимовиќ даде коментар за ситуацијата.

Швеѓанецот е вакциниран, па го објасни неговиот избор и направи споредба со случајот на Ѓоковиќ, кој помина вистински пекол во Австралија и остана без можност да ја брани титулата.

„Вакцинација од здравствени причини не е исто како и вакцинација за да можеш да играш тениски турнир. Луѓето кои се вакцинираат го прават тоа затоа што сметаат дека тоа е најефикасен начин за да се заштитат. Но, секој има свое мислење. Луѓето не треба да бидат натерани да се вакцинираат. Јас се решив на таков начин затоа што верувам дека е најдобар начин да се заштитам себе“, вели Ибрахимовиќ.