Идриса Гуеје потпиша за ПСЖ


Лига Нации: Се освен прво место ќе биде катастрофа за Македонија! ↓↓↓


ПСЖ ова лето не беше активен на пазарот како што се навикнавме на првакот од Франција.

Парижаните претходните години трошеа огромни суми на нови засилувања, но ова лето одлучија малку да запрат. ПСЖ досега не се расфрлаше со пари во досегашниот дел од преодниот рок и доведоа неколку засилувања.

Францускиот клуб потврди дека нов фудбалер на овој клуб е Идриса Гана Гуеје кој стигна од Евертон. Овој 29-годишен фудбалер стигна за 32 милиони.

Тој успешно ги помина лекарските прегледи, а со ПСЖ потпиша договор на четири години.