Игало избра број на дресот во Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Нигерискиот напаѓач Одион Игало дојде во Манчестер јунајтед во последните моменти од последниот зимски трансфер ден.

Игало пристигна од кинескиот клуб Шангај Шену минатиот петок, а ќе игра на позајмица во Јунајтед до крајот на сезоната.

Нигериецот веројатно ќе го направи своето деби во дуелот против Челси, носејќи го дресот со број 25.

Никој не го носеше овој број од заминувањето на Антонио Валенсија, а во минатото го носеа Жорди Кројф, Квинтон Фортун, Дани Симпсон …

Навивачите на „Олд Трафорд“ му посакаа тој број на голови веднаш, но секако, ова е прилично нереално и тој сигурно ќе биде задоволен што постигне доволно за Манчестер Јунајтед да се пласира во Лигата на шампиони.