Игор Ангеловски: Фокусирани сме на новиот почеток


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


 

Селекторот на македонската А репрезентација по објавувањето на списокот повикани фудбалери за натпреварот со Албанија даде свое видување за формата на екипата и очекувањата од новиот квалификациски циклус.
-На прагот сме на нов квалификациски циклус во кој очекувам репрезентацијата на Македонија да остварува подобри резултати во однос на изминатите два циклуса. И без разлика на силата на репрезентациите во групата верувам дека овие фудбалери се подготвени и имаат квалитет да го направат тоа.

Мислите ни се насочени кон натпреварот со Албанија, ме радува моменталната форма на повиканите играчи и се надевам дека во наредните денови ќе имаме мирни тренинзи, квалитетни подготвки и здрави фудбалери.

Влегуваме максимално ангажирани и ќе се обидеме сето тоа да го пренесеме на теренот со цел позитивно да влеземе во квалификациите за СП.

Жал ми е што Александар Трајковски поради повреда не е во можност да помогне на овој натпревар, но се надевам дека брзо ќе се опорави и ќе го имаме веќе во октомври.

Она што го најавував и претходно, дека поголем дел од играчите од составот до 21 година ќе бидат вклучени во најдобрата селекција, сеуште е мој став, но пред нив се два клучни натпревари за пласман на Европско Првенство и се надевам дека ќе бидат успешни, изјави на прес-конференцијата селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Игор Ангеловски.