Игра на судбината: Постигна гол во судиско надополнување и ја елиминираше екипата на татко му!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Да се постигне гол во 90. минута за победа на својата екипа претставува огромно задоволство на секој фудбалер, но не беше така и џо Џанкарло Малдонадо.

Првите осум екипи од венецуелското првенство играат во плејофот. Пред мечот од последното коло меѓу учесниците беше и Пуеро Кабело, екипа која ја предводи Малдонадо.

Малдонадо јуниор доби една топка на врвот на казнениот простор и потоа со прецизен удар постигна гол против тимот на татко му, а тоа беше за конечни 2-2.

Многумина на голот би му се израдувале, но напаѓачот почна да плаче, зашто знаеше колку наштетил на екипата на неговиот татко.

Со својот дрес се обиде да ги сокрие своите солзи, зашто емоциите го „скршија“, а на крајот двата клуба останаа без плејоф, а на домаќините им требаше триум за пласман понатаму.