Играчот на Барселона се “означи” на Емирејтс: Дали Арсенал добива засилување?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Арсенал се убедени дека јануарското засилување на нивниот тим ќе биде францускиот фудбалер Самуел Умтити.

Одбранбениот играч на Барселона синоќа од трибини го гледаше англиското дерби помеѓу Арсенал и Манчестер Јунајтед, а по означувањето дека е на Емирејтс, настана вистинско лудило меѓу навивачите на Топџиите.

Многу се сигурни дека 26-годишниот фудбалер е засилување на Арсенал и дека наскоро ќе биде промовиран како нов играч на клубот.

Умтити не е стандарден во Барселона. Повредите од предходно се причина да не игра редовно, но во Арсенал нема дилеми дека би го осигурал своето место во првите 11.