„Игравме многу лошо во одбрана, Македонците секогаш беа чекор пред нас“


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Македонија вчера славеше против светскиот првак Данска со 33-29 во квалификациите за Европското првенство, па така новиот селектор Кире Лазаров имаше успешно деби на кормилото.

Македонија одигра еден од најдобрите натпревари во последно време, а јавноста во Данска е непријатно изненадена поради овој пораз, по што за тоа зборуваше и поранешниот репрезентативец Класу Мелер Јакобсен.

„Не можам да се сетам кога играла Данска толку лошо. Мислам дека во ниту еде момент од натпреварот не бевме во предност. Не бевме на потребното ниво во одбрана. Игравме слабо, а Македонците секогаш беа еден чекор пред нас“, вели Јакобсен.