Игуаин доби „слатка награда“: При прославата главата ја турна во гради на навивачка! (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Челси, Гонзало Игуаин постигна одличен гол против Барнли во средбата од 35. коло во Премиерлигата.

Игуаин ја затресе гостинската мрежа во првото полувреме, а по погодокот беше и повеќе од среќен, па голот го прослави на интересен начин.

Иако најверојатно тоа не му беше целта, сепак Игуаин заврши во прегратка на една навивачка, која му најде посебно место – меѓу градите.

Секако, тоа беше снимено со камера, па веднаш заврши на Твитер, а на видеото може да погледнете како изгледаше лудата прослава на Аргентинецот, иако сепак на крајот неговата екипа не успеа да победи во важниот меч и освои само бод (2-2).