Игуаин „полуде“ на тренингот: Го удри помошниот тренер, па продолжи да ја удира рекламата

Фудбалерите на Јувентус утре играат во гости против Атлетико Мадрид. Тие го играат првиот натпревар од првото коло на групната фаза во Лигата на Шампионите.

Јуве оваа сезона конечно е решен да дојде до титулата за Првак на Европа која ја чекаат веќе подолго време. Играчите на Старата Дама утринава одржаа тренинг и тргнаа на пат кон Мадрид.

На тренингот на Јувентус беше доста интересно а во центарот на вниманието се најде Гонѕало Игуаин. Аргентинскиот напаѓач во еден момент едноставно „полуде“ и почна да ја удара рекламата покрај теренот.

Игуаин очигледно бил незадоволен што морал да остане во центарот на „шевата“, а пред да ја удри рекламата го удари и едниот член од стручниот штаб. Сепак, изгледа како да немал лоши намери и дека сето тоа е низ шала.