Игуаин прави трансфер кој никој не го очекуваше, за да го реализира ќе мора да носи докази за неговото потомство


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Гoнзало Игуаин минатото лето се врати во редовите на Јувентус по две неуспешни позајмици во Милан и Челси.

Пипита ја започна добро сезоната, но сега е далеку под своето голгетерско ниво, па затоа од Јувентус нема да му понудат нов договор, па токму затоа ќе може да си замине како слободен агент во летниот преоден рок.

Игуаин би можел во летниот преоден рок да го засили тимот на Атлетик Билбао кој пројавува интерес за играчот, меѓутоа за да се случи овој трансфер Аргентинецот ќе мора да докажува дека има баскиско потекло.

Политиката на Билбао е во клубот да играат само играчи од Баскија, а наводно дедото на играчот е Баскиец, па ќе може да се реализира овој трансфер.