Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Аргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин на прес-конференција во солзи соопшти дека ќе оди во пензија на крајот на сезоната во САД.
На прес-конференцијата беа присутни новинари, но и пријатели и дел од семејството на Игуаин, кој не можеше да ги задржи солзите.
Игуаин ја игра последната сезона во дресот на Интер Мајами, а засега не се познати неговите планови по крајот на кариерата.
„Кога ќе помислам со какви фудбалери сум играл во кариерата, тоа е неверојатно и не ми се верува какви успеси постигнав. Играв со Роберто Карлос, се соочи со Роналдињо. Ова беше неверојатно патување“, кажа Игуаин.