Икарди на „слатки маки“: Аргентинецот има две опции за својата иднина!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Мауро Икарди се врати на теренот во дресот на Интер, но навивачите не се задоволни и бараат од управата да го продаде Аргентинецот на лето.

Икарди во последните неколку месеци направи големи проблеми, откако му беше одземена капитенската лента, по што, наводно, беше повреден и не сакаше да игра за Интер.

Италијанските медиуми гледаат решение за Аргентинецот, а тоа е заминување од екипата. За него интерес покажаа Атлетико Мадрид и Јувентус, па очигледно Икарди ќе ја продолжи кариерата во еден од тие два клуба.

Интер нема да размислува многу, па најверојатно ќе го продаде Аргентинецот на екипата, која ќе понуди најмногу пари за неговиот потпис.