Икарди: ПСЖ е најдобриот тим во кој некогаш сум играл


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди ова лето одлучи да го напушти Интер и својата кариера да ја продолжи во дресот на ПСЖ.

Во Интер го отпишаа Икарди уште во март оваа година и беше јасно дека тој во летниот преоден рок ќе го напушти клубот. Аргентинецот тоа го направи на самиот крај на летниот преоден рок и замина на едногодишна позајмица во ПСЖ.

Икарди синоќа одигра одличен натпревар во дербито против Марсеј и успеа да постигне два погодоци за победничкиот резултат од 4:0. После натпреварот аргентинскиот напаѓач гордо изјави дека ПСЖ е најдобриот тим во кој некогаш играл.

„Среќен сум поради своите погодоци и поради победата вечерва. Играв со големи шампиони во својата кариера, но овој тим, односно ПСЖ е најдобрата екипа со која сум играл. Се чуствувам одлично и знам дека можам да постигнам уште многу голови“, рече Икарди.

Икарди во досегашниот дел од сезоната во дресот на ПСЖ на сите натпревари има одиграно седум меча и има постигнато дури 7 голови и има запишано една асистенција.