Икарди сака да остане во Интер, дури избрал и нов број


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди повеќе од јасно е дека не сака да го напушти Интер, иако Антонио Конте јасно стави до знаење дека не смета на него.

Икарди скапо го чинеа скандалите од минатата сезона поради кои му беше одземена капитенската лента, а потоа му дадоа до знаење дека може да бара нов клуб и не беше во плановите на трнерот на Интер за новата сезона.

Аргентинецот го поврзуваа со неколку клубови ова лето, но ги одби сите преговори затоа што е очигледно дека сака да остане во Интер. Клубот од Меаца му даде дополнителен удар со доаѓањето на Ромелу Лукаку, бидејќи му го дадоа на Белгиецот бројот девет кој го носеше Икарди.

Се чинеше дека Икарди ќе сфати дека е подобро да го напушти Интер и да бара среќа во друг клуб, но тоа очигледно не се случи. Италијанските медиуми пишуваат дека тој цврсто решил дека сака да остане.

Наводно, Икарди му кажал на Конте дека ќе даде се од себе, иако не тренира со тимот веќе еден месец. Тој дури и решил да го земе бројот седум, иако постојат шпекулации дека Алексис Санчез би требало да го добие тој број доколку дојде од Манчестер Јунајтед.

Но, Спорт Медијасет пренесува дека тие го одобриле Икарди во Интер за да го земе бројот седум. Сепак, сè уште нема официјални информации за ова.