Илиев се прости со Чех: Имав чест да учам од еден од најдобрите! (ФОТО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонскиот голман Дејан Илиев, кој го носи дресот на Арсенал, се збогуваше со својот колега Петр Чех, кој замина во пензија.

Чех синоќа го одигра последниот меч во својата кариера и тоа против поранешниот клуб Челси во Лига Европа, но „сините“ победија со 4-1, па така искусниот голман не успеа да освои трофеј при своето збогување.

Илиев реши да испрати порака до Чех, па му се заблагодари за тоа што може да научи многу работи од него на теренот.

„Имав можност да работам со еден од најдобрите голмани. Ти ми беше идол. Можам да кажам дека научив многу од тебе овие години додека соработувавме. Ти си прекрасна личност! Ти посакувам само најдобро во иднина“, порача Илиев.