Им пропадна идејата: Коларов нема да се пресели во Ц. Звезда?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот фудбалер Александар Коларов планира да ја заврши неговата кариера, иако имаше шпекулации во италијанските и српските медиуми дека искусниот играч ќе ја засили Црвена Звезда.

Коларов има договор со актуелниот италијански шампион Интер до крајот на сезоната, но тренерот Симоне Инзаги не му дава шанса, па поради тоа дефанзивецот решил да оди во пензија.

Дефанзивецот треба да донесе конечна одлука во текот на следниот месец, а во екипата на Интер претходно се пресели по успешните настапи во Рома.

Коларов од почетокот на сезоната настапи само шест пати за Интер, а неодамна се појавија и шпекулациите за Ц. Звезда, но наводно пореално е да каже дека се пензионира, отколку да потпише за српскиот тим.