Има 18 години и титула на Ју-Ес опен – без загубен сет!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Младата британска тенисерка Ема Радукану успеа да направи една од најголемите сензации во историјата на тенисот, откако ја освои својата прва гренслем-титула на својот втор турнир во кариерата.

Откако сезонава настапи на Вимблдон, Ема стигна и до Њујорк каде што по 10 меча, низ три кола од квалификациите, стигна до трофејот без загубен сет.

Победата против Лејла Фернандез, уште една тениска сензација, ѝ донесе историски успех на Ема која до пред неколку дена не можеше ниту да сонува за такво нешто.