Имаат седум бода и 101 примен гол, но останаа во лигата!

Фудбалскиот сојуз на Шпанија реши да ги запре сите натпреварувања во аматерска конкуренција. Сезоната во тие лиги ќе биде поништена, па сите клубови ќе ги задржат позициите, а меѓу нив е и Виљегас.

Тие примија досега 101 гол, а освоија само седум бодови во 28 меча, но на крајот останаа во лигата благодарение на поништената сезона.

И тие беа изненадени од ситуацијата, а тренерот Алберто кажа дека има чудно чувство поради тоа.

„Чудно е ова. Сакав сезоната да заврши, а сега најважно е здравјето на спортистите. Среќата ни се насмевна овој пат“, кажа Алберто.