„Имам ковид-19 и бев во САД, не разбирам зошто Ѓоковиќ не би можел да игра во Њујорк“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Новак Ѓоковиќ добива поддршка од цел свет поради ситуацијата во САД поради која Србинот не може да настапи на Ју-Ес Опен, а последен кој застана на страна на тенисерот е неговиот колега Џон Милман.

Милман реши јавно да ги коментира случувањата со Ѓоковиќ, кој не може да влезе во САД затоа што не е вакциниран.

„Имам ковид-19. Бев во САД и немав чувство дека голем број луѓе ги следат препораките во земјата. Тоа е во ред, но не можам да разберам зошто Ѓоковиќ не може да дојде и да се натпреварува во Њујорк“, кажа Милман.