Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Јоаким Лев одлучи, познато е кој ќе ја носи капитенската лента на репрезентацијата на Германија.
Познато ви е, Бастијан Швајнштајгер ја напушти репрезентацијата на Германија, последен пат ја носеше капитенската лента вчера против Финска, имаше на крајот и солзи кога се скандираше неговото име.
Јоаким Лев мораше да донесе нова одлука, да именува нов капитен.
Тоа ќе биде Мануел Ноер, одлучено е денеска.
Ноер така ќе ја продолжи традицијата за воглавно фудбалери од Баерн Минхен да бидат капитени на репрезентацијата на Германија.
Инаку, Мануел Ноер е втор голман кој е капитен на Германија во историјата на оваа држава, после Оливер Кан кој истотака го носеше дресот на Баерн Минхен.