Имобиле од пенал го „попари“ Баерн Минхен (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Калчолигашот Лацио славеше во првиот осминафинален меч против Баерн Минхен со 1-0, додека ПСЖ оствари триумф од 2-0 против Реал Сосиедад.

Баварскиот тим беше ужасен во нападот, иако создаде 16 шанси, но ниту еден удар не беше во рамките на голот на Лацио.

Проблемите за гостинскиот тим почнаа во 67. минута кога Упамекано доби директен црвен картон, а потоа Чиро Имобиле од пенал ја обезбеди победата.

ПСЖ со головите на Мбапе и Баркола славеше против Реал Сосиедад на „Паркот на принцовите“ во Париз.