Импресивна статистика: Дуелот меѓу Вардар и Пекинг во СЕХА го следеле – 700.000 навивачи!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Вардар во регионалната СЕХА-лига запиша три победи и еден пораз, па се наоѓа на втората позиција во групата А, но може да се пофали со импресивна статистика од стартот на сезоната во натпреварувањето.

Европскиот шампион во првото коло играше против кинески Пекинг, кој е дебитант сезонава во СЕХА-лигата, но и покрај тоа нивниот дуел го следеле дури 700.000 луѓе, што е навистина импресивен податок.

Хрватските медиуми објавија ијава на директорот на СЕХА-лигата, Синиша Остојиќ, кој вели дека досега не можеле да замислат таква бројка на гледачи.

„СЕХА-лигата нема алтернатива на овие простори и поради тоа ја проширивме на светскиот пазар. А дали е тоа успешно – открива податокот од мечот меѓу Вардар и Пекинг на стартот на сезоната, кој го гледале 700.000 луѓе, што за нас досега беше навистина незамисливо“, кажа Остојиќ.