Инѕаги по поразот од Милан им држел лекции на фудбалерите на Интер


Ливерпул викендов може да ја освои титулата во Премиер лига ↓↓↓


Интер испадна од Купот на Италија откако градскиот ривал го порази во директен дуел за финале, а Симоне Инзаги во петокот го водеше првиот тренинг по дебаклот и се обиде да го мотивира тимот пред продолжението на сезоната.

Изгасена е сонот на Интер за тројната круна. Миланскиот гигант испадна во полуфинале од Купот на Италија откако Милан во реваншот го надигра со 3:0 и вкупно со 4:1 продолжи понатаму.

Два дена по поразот од градскиот ривал, играчите на Интер се вратија на тренинг каде што тренерот Симоне Инзаги се обиде ментално да ги врати пред финишот на сезоната.

Интер се уште е во игра за уште два трофеи. Со Наполи се борат за титулата шампион во Серија А, додека во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе играат двомеч со Барселона.

Интер се уште е на врвот на табелата во Серија А со уште пет натпревари до крајот, но моментно се израмнети со Наполи.

За титулата ќе се одлучува во мајсторка ако двете екипи останат израмнети по бодови на врвот по 38 натпревари.

Според извештаите на „Калчомеркато“, Инзаги ги собра своите играчи во централниот круг на теренот за тренинг на тимски разговор на почетокот на денешниот тренинг.

Тренерот наводно го крена гласот кон тимот во обид да ги мотивира за продолжението на сезоната и им стави до знаење на своите играчи дека им е потребно поголемо ниво на концентрација ако сакаат да ја освојат титулата во Серија А и да пројдат во финалето на Лигата на шампионите.

Фото: Принтскрин