Интер би можел да донесе три одлични фудбалери без да плати ниту едно евро

Од редовите на Интер напорно работат да го обезбедат потписот на тројца одлични фудбалери без да платат ниту евро за нив.

„Газета дело Спорт“ пишува дека италијанскиот клуб, интересно, е заинтересиран за тројца белгиски репрезентативци кои ова лето ќе бидат слободни агенти.

Станува збор за фудбалерот на ПСЖ, Томас Меуние, најдобриот играч на Наполи, Дрис Мертенс, како и дефанзивецот на Тотенхем, Јан Вертонген.

Се верува дека Мертенс веќе ги договорил условите со Интер, додека блиску до потпис е и Вертонген. Во моментов најмали шансите за трансфер на „Меаца“ се на Томас Меуние за кого интерес има и од Тотенхем.