Интер долго преговараше, па остана без засилување!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Интер сакаше да го добие потписот на Џанлука Скамака од Вест Хем, но долго преговараше и на крајот остана без засилување.

Италијанскиот репрезентативец за 25 милиони евра се пресели во Бергамо, односно во екипата на Аталанта.

Аталанта немаше проблем да исплати 25 милиони евра за трансферот на Скамака, откако претходно го продаде Расмус Хојлунд во Манчестер јунајтед.

Интер во следниот период мора да најде нов напаѓач, откако од екипата си заминаа Ромелу Лукаку и Един Џеко.