Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Интер на лето мора да продаде еден или два врвни фудбалери, а како некој што се поврзува со заминување од тимот е Ромелу Лукаку.
Лукаку има цена од 120 милиони евра, а за Белгиецот во моментов заинтересирани се Челси, Барселона и Манчестер сити.
Интер го купи Лукаку за 80 милиони евра во 2019 година од Манчестер јунајтед, а тој на 85 меча постигна 59 голови.
И други фудбалери на Интер се мета на европските гиганти. Николо Барела привлекува интерес од Атлетико Мадрид и Баерн Минхен, додека Марсело Брозовиќ, Кристијан Ериксен и Милан Шкрињар исто така се интересни за други тимови.