Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио потврди дека клубот преговара со Манчестер јунајтед за ангажирање на Ромелу Лукаку.
Лукаку долго време се поврзуваше со заминување од Манчестер јунајтед, а очигледно Интер тргнал во конечна „пресметка“ со Јунајтед за Белгиецот.
Англиските медиуми во средата објавија дека управата на Интер стигнала во Лондон за да имаат состанок со раководството на на „ѓаволите“.
„Нема посебни новости за Лукаку. Можам да кажам дека состанок имаа двата клуба и секој фудбалер кој го следиме е желба на Антонио Конте. Сакаме да ги задоволиме неговите барања“, кажа Аусилио.
Интер, наводно, нема намера да му даде на Јунајтед 70 милиони евра на фудбалерот.