Интер го продава Ериксен, а никој не сака да го купи!?

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен пристигна во Интер на почетокот на годината, но не се прослави во италијанскиот клуб.

Иако беше најавен како големо засилување и фудбалер кој треба да биде мотор на екипата, сепак Ериксен не се прилагоди и сега е на праг да го напушти клубот од Милано.

Неговите агенти го понудија Ериксен на многу клубови од Премиерлигата, но никој не покажа интерес за да го ангажира.

Но, тоа не го обесхрабри Интер, кој е подготвен да го испрати и на позајмица со задолжителна откупна клаузула, а како што пишуваат италијанските медиуми, судбината на Ериксен би можела да биде позната во следните неколку дена.