Интер им ги продолжи договорите на Икарди, Перишиќ и Жоао Марио и покрај тоа што тие се на позајмица


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Антонио Конте ова лето од Интер отпиша неколку фудбалери кои клубот ги испрати на позајмица.

Сигурно е дека најголемата звезда, аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди кој замина на позајмица во ПСЖ ќе остане таму до крајот на сезоната, истото го направи и Иван Перишиќ кој моментално е член на Баерн. На позајмица е и Жоао Марио кој својата среќа ја пронајде во клубот од Москва, Локомотив.

Тутоспорт денес објави неверојатна работа дека Интер на овие фудбалери им ги продолжиле договорите на уште една година и покрај тоа што тие се на позајмица. Клубот ги користи клаузулите на кои има право, а јасно е и поради што го направија тоа.

Во Интер се свесни дека Икарди, Перишиќ и Марио нема да се враќаат во клубот бидејќи Конте веќе не смета на нив и им ги продолжија договорите за на летниот преоден рок да заработат што повеќе пари од нивната продажба.
Од овие играчи Интер летово би требало да заработи околу 110 милиони евра и ја спречија опцијата тие да заминат од клубот како слободни играчи.