Интер има пеколен план: Продава еден напаѓач за да купи друг!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер планира ова лето да си го врати белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку, кој се покажа како големо промашување во Челси.

Лукаку го засили Челси за 115 милиони евра, но очигледно раководството на тимот згреши со овој потег бидејќи Белгиецот не личи на фудбалерот кој лани играше во Интер.

Беглискиот репрезентативец побара да се врати во Интер, а веќе разговарал со управата на тимот и подготвен е да прифати помала плата.

Интер, наводно, е подготвен да го продаде Лаутаро Мартинез за да собере доволно пари и потоа да го купи Лукаку.

Интерес за аргентинскиот напаѓач постои од повеќе екипи, меѓу кои се Атлетико Мадрид и Тотенхем, а Интер бара 70 милиони евра за неговите услуги.