Интер ја стокми првата понуда за Лукаку, ја испраќа во следните 24 часа


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Како што пренесува „Скај Италија“ од раководството на Интер ја стокмиле понудата за напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Имено, „нероазурите“ во следните 24 часа ќе испратат понуда во висина од 62.8 милиони фунти на адреса на Манчестер Јунајтед.

Понудата ќе гласи како двегодишна позајмица со задолжителен откуп на договорот по истекот на двете години.

Се уште не се знае дали челниците на Манчестер Јунајтед ќе ја прифатат оваа понуда од италијанскиот тим.