Интер ќе потпише со голман, кој од „дното на душата“ го мрази Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Првиот голман на Интер, Самир Хандановиќ се повреди и ќе отсуствува од теренот некое време, а Падели не се прослави на голот на италијанскиот гигант, па поради тоа тренерот Антонио Конте сака ново засилување.

Конте планира да го ангажира слободниот голман Вивиано, кој и претходно беше во Интер, но никогаш не доби вистинска шанса.

Искусниот голман би можел да добие место меѓу стативите, односно да го замени повредениот Хандановиќ додека не се врати на голот.

Вивиано е познат како голем противник на Јувентус, па во своите изјави неколку пати кажа дека повеќе го слави поразот на „Старата дама“, отколку триумфот на својот клуб.