Интер на Рома го понуди Перишиќ, но Римјаните не сакаат ниту да размислуваат за тоа


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Секој момент се очекува доаѓањето на Ромелу Лукаку во Интер да биде официјализирано, а покрај него, се чека и доаѓањето на Един Џеко.

Антонио Конте ги „пречкрта“ Мауро Икарди, Раџа Наинголан и Иван Перишиќ кои сè уште не знаат каде ќе ја продолжат кариерата.

Како што рече Конте, не му треба Перишиќ бидејќи не може да игра на позиција каде што му треба фудбалер.

Имено, Перишиќ игра на крилната позиција, а таа позиција во формацијата која ја претпочита овој тренер не постои.

Така Интер го понуди Перишиќ на Рома за 25 милиони евра, но тие не размислуваа за тоа, затоа што не им треба таков профил на играч.

Како што стојат работите, само Един Џеко ќе ја напушти Рома до крајот на преодниот рок, а тие сакаат нов играч на таа позиција.