Интер најде замена за Брозовиќ во Арсенал


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Во Интер се спремни од наредната сезона да играат со доста изменет состав, и се очекува заминување на некои играчи, но и доаѓање на неколку засилувања.

Еден од оние кои би требало да го засили Интер е моменталниот играч на Арсенал, Гранит Џака, кои во Интер би требало да го замени Марсел Брозовиќ.

Иако има договор до 2023. година во Интер сметаат дека имаат и тоа како големи шанси за доведување на овој фудбалер.

„Доаѓањето на Гранит би било скапо бидејќи има уште многу од договорот со Арсенал, но го следиме и занимливо за нас е тоа што тој е релативно млад“, рече спортскиот директор на Интер, Пиер Аусилио.

Освен Џака наводно на мета на Интер е и Томас Партев од Атлетико Мадрид како и Николо Барела од Каљари.