Интер не се договори со Јунајтед: Санчез се враќа на „Олд Трафорд“


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Чилеанскиот фудбалер Алексис Санчез би можел да се врати во Манчестер јунајтед, откако премиерлигашот не се договори со Интер за продолжување на соработката до крајот на сезоната во Серија А.

Санчез одигра само три меча како стартер сезонава поради големиот број повреди, но и покрај тоа сакаше Интер да го задржи до крајот на сезоната.

Сепак, тоа нема да се случи затоа што Интер му е ривал на Јунајтед во Лига Европа и „ѓаволите“ ќе се обидат да го ослабат противникот.