Интер немаше милост кон новајлијата во Серија А: „Нероазурите“ со петарда го поздравија Беневенто


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Екипата на Интер славеше убедлива победа од 5:2 на денешното гостување кај Беневенто во заостанатиот натпревар од првото коло во Серија А.

Интер започна фуриозно и уште на стартот поведе со голот на Лукаку кој ја искористи асистенцијата на Хакими. Во 25. минута веќе беше 2:0, а стрелец на голот беше Гаљардини.

Само три минути подоцна Лукаку со вториот погодок донесе голема и веќе недостижна предност за Интер од 3:0.

Капрари во 34. минута го намали резултатот, но потоа Интер повторно покажа сила и ги постигна следните два гола.

Првиот гол во дресот на Интер го постигна Ашраф Хакими за 4:1, а на 5:1 зголеми Лаутаро Мартинез.

Конечниот резултат го постави Капрари со својот втор погодок во дресот на Беневенто.