Интер носи дури пет фудбалери како слободни агенти, Антонио Конте прави непобедлив тим?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Интер се сериозно заинтересирани во тимот да донесат дури пет фудбалери кои ќе останат без договор по крајот на оваа сезона.

Антонио Конте сака да го искористи рецептот од Јувентус и да донесе квалитетни играчи без да потроши ниту едно евро.

Имено, Интер е заинтересиран за Кристијан Ериксен и Јан Вертонген од Тотенхем, Лајвин Курзава и Томас Меуние од ПСЖ како и Дрис Мертенс од Наполи.

Интер ќе се соочи со голема трансфер битка затоа што речсии за сите играчи има и други заинтересирани големи тимови.